РАНИ е песна за останатите песни на овој албумот.
Првите две строви од песната РАНИ, упатуваат на останатите песните од албумот РАНИ.
Последната строфа е затворање на целиот албум.
Traga Cover

#1 - Рани

Темни празнини насобрани
Копнежи изобилни насликани
Вечни траги оцртани
Извори од надеж надојдени

Распалени искри позлатени
Зајден изгрев во младоста
Повик од градот неосвоен
Животни сенки врежани

Песни од душа обрани
Од страдален народ родени
Отворени рани оставени
Со тага и болка обновени

Hands

#2 - Трага

После секој
Одземен здив
Прозирен поглед
Нечиста мисла
Длабока рана

После секој
Одронет зид
Непратено писмо
Испразнета чаша
Изречена лага

Останува само трага
Вечна трага

После секој
Овенат цвет
Истопен снег
Недоречен збор
Бескрајна тага

После секој
Прекршен завет
Неисполнет сон
Прокоцкана младост
Истоштена снага

Останува само трага
Вечна трага

Hands

#3 - ОхРид

Сенка од ридот во езерото
Тврдината вечна, неосвоива
Сонцето ја злати водата
Срцето - камен не проштева

Стапка по стапка нагоре
Тој ти го даде името
Светите го благословија
Изворите гневот го измија
на ропствата, на раните

Огледан во иконите
Градот на писменоста
Расплетени во песните
Води на свештеното

Мирот во лебедите
Огнот во свирачите
Древноста на слепците
Крв на сораспнатите

Болката тлее в душата
Царот: Ох, рид! - воздивна
Во срцето надеж престаса
Царскиот ѕид вербата го наѕида

Огледан во иконите
Градот на писменоста
Расплетени во песните
Води на свештеното

Hands

#4 - ИЗГРЕВ

Дете надарено
Со божествен глас
Народ бликнува
Од изворот изобилен

Случајна средба
Надеж се раѓа
Почеток на песна
Срце се радува

Визија јасна
Исполнет поглед
Златен прстен
Насмевка на образот

Ново чудо
Спокојство на погреб
Нечуена молња
Љубов оцртана во изгрев

Hands

#5 - СЕНКА

Вие на
Лажниот мир поклоници
Накитени на гради
И гордост на челото
Слуги во навиките

Вие со
Срца разнебитени
Извалкана совест
Подмолна мисла
Предвидлива итрина

Сите вие
Под студената сенка
Бескрајот се приближува
Сонцето напразно блеска
Крајот ете пак доаѓа

Hands

#6 - ИЗВОРИ

Поројни желби надојдени
Срцето блеска од копнежи
Страста победена завека
Песна на надеж посветена

Мудроста од минатото
Мекото срце заплашено
Поривот кон иднината
Инстинктот преткаен во вера

Миговите во непознатото
Чекам да се случи чудото
Со излезот од пештерата
Со еден чекор во вечноста

Мајчините солзи најмили
Изворите духовни изобилни
Поблескави и од сонцето
Изворите штедри даровни

Hands

#7 - КОПНЕЖ

Со нежност во насмевката
Невестата без збор милува
И големото срце на јунакот
трепери кога таа поминува

Од звукот на тајниот иструмент
бујните мисли надоаѓаат
Во исчекување на зачнатото
таа со верата се заквасува.

Во мирисот на есента
Рожбата преизобилна
Жетвата благословена
Со лисја позлатени крунисана

Во неговото име копнежот се роди
Кон духот нејзин надежта води

Hands

#8 - ПРАЗНИНИ

Ниви неизорани
Ридови неизодени
Рани лути загноени
Бродови потонати

Планови задоцнети
Бескраи приближени
Кошули раскрпени
Плодови суви горчливи

Децата одмајчени
Јаничари направени
Султани крвожедни
Јунаците разгневени

Сестри обесчестени
Таги тешки насобрани
Клетви неизустени
во трагите оставени

Змии обезглавени
Цветови погазени
Врати неотклучени
Срцата разљубени

Hands

#9 - ИСКРИ

Кога
Синџирот од вратот е раскован
и милоста кон животот се раѓа
Обѕир низ тајниот прозорец
и поглед кон тиранинот кој паѓа

Кога
Волјата е цврста, нескршена,
и крикот од желбата искрена
Градината со надежи, најбујна,
и мислитата пустини освојува

Тогаш
Срцето е полно, возогнено,
разжарено со искри илјадници
Реката од напеви создадена
и младоста во вера подарена

Hands

#10 - ПОВИК

Аберот потајно стигна
од очи надежта ѕирна
Планината со јунаци полна
војводата на коњот скокна

Момата в нивата ко славеј пее
иднината од градите и зрачи
Потта на челото се роси
А срцето од љубов блика

Тирани безбројни размножени
Со сабји остри размавтани
Со искри во очи за крв жедни
Тага над урнати манастири древни

Повик во песната
Повик кон младоста
Повик за надежта
Повик од верата