„Ковачески мјузик“ го објави осмиот албум со вокалистката Светлана Јовановска

By Нова Македонија - May 27, 2023
„Ковачески мјузик“ го објави осмиот албум со вокалистката Светлана Јовановска

„Ковачески мјузик“ официјално го објави осмиот албум „Dualities“. Овој нов албум содржи таленти на музичари од целиот свет, вклучувајќи ја и реномираната македонска вокалистка Светлана Јовановска.

Новиот албум, предводен од Климе Ковачески, пренесува интересен и крајно необичен пристап за создавање песни и вклучува други артисти, меѓу кои се македонскиот кларинетист Влатко Терзиски, долгогодишниот соработник Алија Феј, а за првпат е вклучена и Тихана Николиќ.

– Новиот албум е неверојатна соработка на меѓународната музикалност. Албумот „Dualities“ се роди од целта да се развијат различни верзии на централната музичка идеја. Албумот вклучува „Core“ делови 1 и 2, „Hopes“ делови 1 и 2, „Emptiness“ делови 1 и 2 и „Nicola“ делови 1 и 2 – рече Климе Ковачески за новиот албум.

Една од песните на албумот, „Illuminations“, е напишана токму за Јовановска. – Текстот за „Illuminations“ е специјално напишан за Светлана, кој на англиски брилијантно беше преведен од мојата пријателка и соработничка Наташа Гарет. За двете верзии се користи слична хармонична основа на музиката, исто така создадена земајќи ги предвид талентот и личноста на Светлана. Таа беше инспиративна во секој случај и супер си ја заврши задачата – изјави Ковачевски.

Комплетниот албум „Dualities“ може да се преслуша на

http://www.kovaceskimusic.com/music-dualities.html

– Можноста да бидам дел од еден ваков интересен проект е ново и возбудливо искуство за мене, особено што имам целосна слобода во творењето. „Svetlini“ и „Illuminations“ се двете верзии во кои се појавувам, приказната и емоцијата што ја носат во својата срцевина како да стана автобиографски моја, бидејќи секој човек носи и радост и тага, и мир и немир, и сонце и месечина, и светлина и темнина. Секој од нас живее низ „Dualities“ – истакна Светлана.

Дизајнот на обвивката на албумот е изработен од Ласко Џуровски. Анимациите се на Бранко Ристовски. „Ковачески мјузик“ е меѓународен музички проект, започнат од Климе Ковачески, кој го прикажува вродениот талент на уметниците преку впечатливи и уникатни соработки и партнерства. С.Ј.

dualities cover

Press Contact

Name: Klime Kovaceski

Phone: 786-566-0498

Email: info@KovaceskiMusic.com

Website: https://www.kovaceskimusic.com/